| четврток, 6 декември 2018 |

Астролозите докажаа: Неверојатни астро совети за секој хороскопски знак

Сите ние имаме свои недостатоци и мани. За некои од нив сме свесни дека ги поседуваме, а за некои воопшто и не забележуваме дека ги имаме.
Најчесто поради лошите карактеристики наидуваме на отпор, на не разбирање и не прифаќање од околината, па поради тоа често добиваме замерки и забелешки за нашето однесување и за нашите постапки.

Одреденото наше однесување се должи на поставеноста на планетите, ѕвездите и целиот сончев систем во моментот на нашето раѓање. Што сѐ ќе се случува со нас веќе одамна се знае, но исто така се знае и што сѐ треба да направиме за да го подобриме нашиот карактер.

Секој хороскопски знак ќе се пронајде во астро советите кои следат во продолжение на статијата, но од секој индивидуално зависи дали ќе ги послуша тие совети или не, во зависност од тоа дали сака да се промени и да стане подобра личност, или воопшто не сака промени.

Овен
По природа сте страствени и поради тоа треба да внимавате емоциите да не го надвладеат здравиот разум.
Избројте до десет пред емоциите во потполност да ве обземат.
Не реагирајте импулсивно туку добро анализирајте ја ситуацијата.
Одвојте си време за себе, одморете се и релаксирајте се. Големите амбиции кои ги имате може во целост да ве исцрпат.
Бидејќи сте родени како борец, таа особина ја имате и во себе.
Искористете ги вашите лидерски способности и подобрете го вашиот живот преку стрпливост, логичко размислување и одлучност.
Бидете сигурни дека сте во право кога донесувате важни одлуки.

Бик
Потрудете се да го контролирате тврдоглавиот карактер кој го поседувате.
Со поголема флексибилност подобро ќе се снаоѓате.
Талентот за управување со пари искористете го за да си обезбедите сигурна иднина.
Контролирајте ги вашите инстинкти.
Многу сте истрајни и одлучни, но треба лесно да се прилагодувате на нови ситуации.
Љубомората и посесивноста можат да ви донесат многу проблеми, затоа е потребно да бидете потолерантни и попустливи.
Потребно ви е време за да размислите дали сте на правиот пат, бидејќи не сакате да донесувате одлуки на брзина.
Избегнувајте стресни ситуации.

Близнаци
Премногу се оптеретувате со проблемите на другите луѓе и поради тоа сте нервозни. Опуштете се.
Одличен говорник сте но често заборавате дека треба и вие да слушате.
Луѓето често се збунети поради вашето често менување на мислењето.
Потребни ви се нови авантури, возбуди и нови преокупации, па поради тоа направете сѐ што е потребно за да промените нешто.
Запознајте нови луѓе, патувајте, научете нешто ново.

Рак
Поработете на сопствената самодоверба, верувајте во себе и во своите способности. Не дозволувајте до вас да допрат зборовите од другите луѓе.
Имате добри инстинкти, но не дозволувајте срцето да го надвладее разумот.
Семејството е вашата сигурност, па поради тоа потрудете се да имате стабилен и хармоничен љубовен и фамилијарен живот.
Понекогаш е најдобро чувствата да ги задржите само за себе, а на другите луѓе ќе им биде тешко да го разберат вашето променливо расположение.
Се случува премногу да се грижите за вашите најблиски поради што тие чувствуваат како да ги гушите. Оставете ги малку сами и дајте им време и простор.
Бидејќи сте премногу осетливи другите можат тоа да го искористат против вас. Бидете внимателни особено во љубовните врски.

Лав
Не претерувајте со храната и пијалаците поради кои подоцна во животот можете да зажалите.
Добар работник сте и секогаш се стремите кон нешто подобро, но имајте на ум дека потребен ви е одмор и релаксација.
Топла, мила, весела и дружељубива личност сте и имате тенденција да ги усреќувате вашите блиски.
Сакате и сакате да сте сакани.
Лесно воспоставувате нови пријателства и среќни ќе бидете кога ќе сфатите дека имате многу верни и искрени пријатели.
Сакате да управувате со сѐ и сѐ да биде под ваша контрола.
Не очајувајте ако кон патот на успехот наидете на противник бидејќи треба да разберете дека и другите луѓе имаат амбиции како и вие.
Работете малку на вашата скромност, бидејќи претераната самодоверба и храброст понекогаш можат да ги иритираат останатите луѓе.

Девица
Сигурноста и безбедноста се едни од вашите важни ставки, па поради тоа потрудете се да обезбедите сигурност за вас и за вашето семејство.
Перфекционист сте по природа и се сакате да биде перфектно сработено за што ви се потребни ред, рутина, организација и уредност.
Сакате да им помагате на другите и дарежливи сте по природа, но ретко кои можат тоа да го видат во вас, бидејќи не им дозволувате.
Треба да станете пофлексибилни и по прилагодливи. Тешко се менувате и тешко прифаќате нови работи, но треба да имате поинаков пристап кон животот.
Во вашата природа е да наоѓате мани кај другите луѓе и да им ги кажувате, што секако не е во ред. Никој не сака критика, а вие сте склони кон тоа. Променете се и задржувајте ги таквите работи за себе.

Вага
Ги сакате убавите работи, но не сте исполнети емотивно. Сонувате со широко отворени очи, но треба да правите разлика помеѓу сонот и реалноста.
Ваши слаби точки се не одлучноста и недостатокот на храброст.
Ако имате за што да се борите тогаш ќе успеете да ја остварите вашата зацртана цел.
Не двоумете се премногу бидејќи времето брзо минува, па можете да пропуштите некоја важна прилика.
Играјте со отворени карти и кажувајте го она што треба да се каже бидејќи можете да бидете доведени во непријатна ситуација во која можете да бидете и повредени.

Скорпија
Најдобри успеси ќе постигнете ако работите самостојно.
Внимателни сте со финансиите бидејќи материјалниот успех ви е многу важен.
Прифаќајте други мислења, не бидете тврдоглави, бидете флексибилни.
Не бидете љубоморни бидејќи ако сте ќе имате помали шанси за успех.
Никогаш не се откажувате од она што го работите, но потребен ви е и одмор и грижа за вашето здравје.
Сакате јавно и искрено да ги изнесувате вашите ставови и мислења поради што е потребно да научите дипломатски да преговарате.

Стрелец
Имате огромен ентузијазам и огромна желба за живот, но немојте да се однесувате како „утре” да не постои.
Потребна ви е честа промена и разновидност за да бидете исполнети бидејќи секојдневните и исти обврски ве гушат.
Не давајте лажни ветувања кои не ги исполнувате, бидејќи тоа кај другите предизвикува негативна слика за вас.
Научете се да ги контролирате вашите зборови бидејќи може да биде касно ако изговорите нешто за кое не сте размислиле какви последици ќе има отпосле.
На измислувајте приказни во кои се претставувате како јунак.
Ако правилно и умно ги употребите отвореноста, спремноста за авантури, искуството, знаењето и интелегенцијата можете да остварите огромен успех.

Јарец
Сакате да ги држите сите конци во своите раце и сѐ да биде под ваша контрола. Колку повеќе препреки совладате, толку ќе бидете посреќни и позадоволни. Никогаш немојте да се откажувате.
Обезбедете сигурен извор за прилив на пари и не се срамете да работите и дополнителна работа ако тоа е потребно.
Бидете дарежливи бидејќи убаво ќе се чувствувате ако на некој им помогнете.
Поделете ги своите мисли и проблеми со личности во кои имате доверба и кои можат да ви дадат корисни совети.
Често се прилагодувате кон секоја нова ситуација со намера да ги остварите целите кои ги имате зацртано, но понекогаш премногу промени не се добри. Знаете да прифатите пораз и учите од претходните грешки.
Негативните искуства само ја зајакнуваат вашата личност.

Водолија
Имате големи сонови но ви фали само поголема одлучност за да можете да ги реализирате.
Треба често да се дружите со најблиските и да ги делите со нив вашите идеи и мислења.
Голем хуманитарец сте и сакате да им помагате на другите. Продолжете така и очекувајте дека ќе бидете наградени за своите добри дела.
Треба да бидете пофлексибилни и спремни за компромиси и отстапки.
Непредвидливи сте и тоа не им се допаѓа на вашето окружување.
На љубовен план партнерот треба да смета на вашата стабилност, што значи дека не треба често да се премислувате во последен момент.
Знаете да бидете избувливи ако не се прифатат вашите идеи, што секако не е во ред. Треба да ја слушнете и другата страна на приказната.

Риби
Внимателни и грижливи сте и имате разбирање за туѓите проблеми. Не дозволувајте поради вашата добрина другите да ве прегазат.
Слободата ви е многу важна и поради тоа сакате да бидете независни и самостојни.
Во стресна ситуација спасот побарајте го во своето хоби.
Поддршката, разбирањето и воодушевувањето многу ви значат, но не заборавајте дека и вие треба да ги искажувате кон оние кои заслужиле.
Ви одговара работа во тишина бидејќи сте креативна личност. Бидете сигурни во себе бидејќи често нема да имате поддршка од останатите во работата.
Имате силна интуиција која ќе ви го покажува вашиот прав пат по кој треба да се движите.
Не ги потценувајте сопствените уметнички таленти и способности, туку работете на нивно доусовршување.

извор: Пинџур.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top