Легендарниот пејач Здравко Чолиќ речиси 40 години не разговара со познатата српска кореографка Локица Стeфановиќ поради невидум бизарна работа. Во 70-тите години на минатиот век, Локица и нејзината танчерска група често го придружуваа Чолиќ на неговите настапи и станаа препознатлив белег на некои од хитовите на популарниот пејач од тој период.
Меѓутоа, соработката меѓу нив е прекината откако во документарниот филм „Pjevam danju, pjevam noću“ од 1979 година, посветен на пајачот, Локица изјавила дека „Здравко не е талентиран за танцување“.
– По таа изјава нашето пријателство прекина. Морав тоа да го кажам затоа што режисерот го бараше тоа од мене. Жал ми е. Јас никогаш не зборувам лоши работи за луѓето. Само објаснив дека тој нема талент за танцување, но со вежбање постигнавме резултат. Научи да танцува. Би сакала да се смириме – изјавила Локица при гостување во една телевизиска емисија.
извор: лидер .мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст