| четврток, 6 декември 2018 |

Кузмановски: Во Металург можам многу да напредувам

filip kuzmanovski

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски официјално го продолжи договорот со Металург до 2019 година. По обелоденувањето на соработката тој не го криеше задоволството и изјави дека е навистина среќен што решил да остане во клубот каде по заминувањето на Талески е капитен.

– Срекен сум во Металург и тоа беше пресудно да решам да останам овде и да го продолжам договорот. Сега сум и капитен на екипата и имам уште поголема одговорност. Имав неколку опции и понуди по завршувањето на договорот, да заминам во друг клуб, но мислам дека ја одбрав најдобрата и за мене најправилната одлука за напредок во кариерата – изјави Кузмановски.

Кузмановски потекнува од ракометната школа на Пелистер, а во редовите на Металург пристигна во 2015 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top