Сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка е во прекин од 11.20 часот бидејќи се извлекува камионот влекач кој завчера утрото излета од патот и падна во провалија кај кумановското село Облавце, соопштија од АМСМ и потврдија од СВР Куманово. Камионот не беше извлечен вчера поради непристапниот терен и потребената механизација за да се извлече.
Камионот влекач „волво“ излетал од патот завчера во 8.30 часот откако поради влажниот коловоз изгубил контрола и паднал во провалија. Возачот на камионот В.К. добил телесни повреди, потврија од СВР Куманово.
Камионот, кој бил сопственост на кумановска компанија, превезувал текстил. Екипа од СВР Куманово и мобилна екипа од Царината завчера биле на местото на сообраќајката од каде текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово.
Фото: илустрација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.