Во вториот полуфинален натпревар на Купот на Кралот кој се одигра доцна синоќа, фудбалерите на Алавес на домашен терен ја совлада екипата на Селта Виго со 1-0 и се пласираа во големото финале, каде за противник ќе ја имаат екипата на Барселона. За тимот на Алавес финалето во кралскиот Куп ќе биде прво во нивната историја.
По 0-0 на првиот натпревар на „Балаидос“, Селта тргна да постигна гол и ја имаше првата шанса преку Јаго Аспас во 11. минута, но домашниот голман прекрасно одбрани. Алавес веднаш возврати преку Ибаи, за да Селта повторно во 28. минута се закани преку расположениот Аспас.
Во продолжение домаќините имаа повеќе од играта, најпрво се заканија повторно преку Ибаи во 65. минута, за да само две минути подоцна шанса имаше и Дејверсон. Голот за водство стигна во 82. минута, кога резервистот Едгар Мендес ја смести топката во голот за голема радост на домашните навивачи, гол кој на крајот се покажа доволен за голема победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст