Долниот дом на британскиот парламент го одобри предлог законот кој ќе и даде овластување на Владата да ја започне официјалната процедура за излегување на Британија од Европската унија. „За“ беа 494 пратеници наспроти 122 кои беа „против“.
На гласањето му претходеше дводневна дебата, во која опозициските пратеници не успеаја да вметнат ниту една промена. Отфрлени беа сите предлог амандмани, меѓу кои да се зачува правото на престој на граѓаните на европската унија и владата да се консултира со парламентот пред да бидат усвоени конечните услови за „Брегзит“.
Предлог законот оди сега ќе оди на расправа во горниот дом на лордови. Таму следуваат три читања, по што ако не се направат промени, законот останува уште да биде ратификуван од кралицата. Во случај да се направат промени, предлогот повторно треба да помине низ долниот дом.
Премиерката Тереза Меј најави дека активирањето на членот 50 од лисабонскиот договор го планира за крајот на март, по што ќе почнат и официјалните преговори за редефинирање на односите меѓу Лондон и Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.