Волшебните зборови „те сакам“ мажите обично ги кажуваат после седум месеци врска, додека на жените им се потребни повеќе од осум месеци за да го кажат тоа, покажало едно истражување.
Еден британски магазин анкетирал 2.000 мажи и жени кои излегувале на љубовни состаноци во последната година. Резултатот од истражувањето бил изненадувачки.
Имено, иако се смета дека жените се поемотивни од мажите, истражувањето покажало дека и мажите се исто така емотивни. Понекогаш, тие се дури и поемотивни од жените, без разлика колку ни е тешко да поверуваме во тоа.
Мажите побрзо се вљубуваат
Покрај тоа, истражувањето покажало и дека мажите побрзо се вљубуваат за разлика од жените. Тоа е така затоа што жените созреваат побрзо од мажите. Кога мажот ќе каже „те сакам“, тоа можеби е негов начин за соочување со некои комплекси или емоции кои не ги разбира.
Од друга страна, кога жената ќе го каже тоа, тогаш таа најчесто навистина се чувствува така. Клише е дека мажите ја користат љубовта за да дојдат до секс, а дека жените го користат сексот за да дојдат до љубов.
Но, според податоците кои доаѓаат од ова истражување, половина од мажите одат на состаноци за да имаат секс, а истото го прават една петтина од жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст