| четврток, 6 декември 2018 |

Овој предмет ги штити децата, ја чува куќата од сиромаштија и зло: Секоја Јапонка го има! (Фото)

Некогаш им се подарувала на двојките што немале деца за жената да остане во блажена состојба што поскоро.

Кокеши куклите се израз на јапонската народна уметност, а најразлични видови од овие симпатични кукли денес можат да се најдат насекаде низ светот.

Се верува дека ги штитат децата, го чуваат домот од пожар и ја исфрлаат целата негативна енергија и зло од куќата.

Ова се јапонски кукли со потекло од регионот Тохоку, кој се наоѓа во северниот дел на Јапонија. Овие рачно изработени дрвени кукли имаат голема историја, но и верување дека тие поседуваат одредени магиски и заштитни моќи.

Традиционално, се прават како чувари на децата, а денес се многу популарни меѓу колекционерите.

Според верувањата, најчесто се подаруваат на младите двојки како желба да добијат здраво дете.

Покрај тоа што служат како убав украс, за кокеши куклите се верува дека имаат моќ да спречат пожар и за протерување на злото. Традиционалните кукли се обоени во црна, црвена или жолта боја, и покриени се со восок. Овие дрвени кукли имаат едноставна цилиндрична форма со тркалезни глави и без раце и нозе.

Денес, постојат различни дизајни на овие кукли со позаоблен облик отколку што беа традиционалните, со различни изрази на лицето и многу пошарени.

И покрај сѐ, во Јапонија сѐ уште се верува дека кокеши куклите се еден вид амајлија, така што Јапонците ги имаат во своите домови како вистински заштитник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top