| четврток, 6 декември 2018 |

Лисица од Чернобил снимена како „прави сендвич“ (Фото)

Во Чернобил живеат необични животни, како што е лисицата која прави сендвич.Екипа на Радио Слободна Европа снимала во чернобилската забранета зона, кога им пришла една лисица.

lisica-cernobil2

Лисицата, која живее во дел од областа напуштена после катастрофата 1986. година, сигурно немала прилика да сретне луѓе, но не се плашела да им пријде на новинарите и снимателите.

lisica-cernobil3

Им се приближила на луѓето кои кај себе имале храна. Новинарите и` фрлиле неколку парчиња леб и месо, која таа прво ги јадела пред нив.Меѓутоа, тогаш почнала да собира храна за подоцна. Собрала неколку парчиња леб, неколку месо, па така направила нешто налик сендвич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top