| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките земјоделци се закануваат со блокада и на Дојран и на пругата кај Идомени

Грчките земјоделци побараа од Владата во Атина до четвротк да одржат средба со ресорните министри за да разговараат за нивните барања.

Земјоделците, кои со блокади протестираат против промените во системот за социјална заштита и зголемувањето на даноците, денеска предупредија дека ако не се испочитува рокот, тие ќе ги интензивираат протестите.

Грчките фармери планираат да ја блокираат и пругата во Идомени, или граничниот премин Дојран, на грчко-македонската граница.

– Ако грчката Влада до утре не даде прецизен датум за средба, ќе го зацврстиме нашиот став, изјави лидерот на синдикатот Ахилеас Камбурис за државната новинска агенција АНА-МПА.

Демонстрантите веќе предизвикуваат големи проблеми, бидејќи во изминатите две недели ги блокираат клучните автопати, крстосници и гранични премини, со што го попречуваат сообраќајот на националната патна мрежа и спречуваат достава на стока во соседна Албанија, Бугарија и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top