Tунелoт Ечемишка на автопатот Хемус беше затворен за сообраќај откако во неделата 64-годишната Елена Горанов загина при инцидент, кој се случил кога таа патувала со својот брат, кога кородиран дел од светлосен панел паднал врз нивниот автомобил. Аутопсијата покажала дека причина за смртта бил ударот од лим од паднатата светилка. Поради инцидентот во тунелот сообраќајот се одвива по обиколни патни правци.
Вчера министерот за сообраќај Спас Попниколов побарал сообраќајот да се одвива по левиот премин од тунелот Ечемишка. По овој инцидент, бугарските медиуми пишуваат за постоење и на други ризични места за возачите на други патни правци во Бугарија. „Вести Бг“ направи листа на најопасни сообраќајници. Според статистиката само во овие делови за првите девет месеци од 2016 година имало над 1.000 несреќи на пат, во кои загинале 40 лица, а над 100 се повредени. Причините за несреќите се: опасен пат со кривини, зголемен сообраќај, небезбедни патни јазли во комбинација со голема брзина на возилата и неправилно претекнување. На листата на најризичните патишта е автопатот Хемус и тоа на две делници.
Првата е во делот до Софија и го држи рекордот по бројот на несреќи – 265 за девет месеци. Овде главната причина е брзина. На автопатот Хемус се случи и најголемиот верижен судир во тунелот „Витина“. Другиот дел е крај Тетевен, со регистрирани осум загинати и 117 повредени во 139 несреќи. Следува патот Русе – Бјала, на кој се случи најголемата трагедија со падот на автобус од мостот крај Бјала, кога загинуваат 18 лица. Оваа делница од само 50 километри е во врвот во црната статистика со 246 несреќи за 9 месеци.
Седум патници загинале, а како главни причини за несреќите се претекнување и недавање предност во возењето. На списокот на опасните делници се и: патот помеѓу Варна и Бургас, Стара Загора – Казанлак, Карловскиот пат (околу селото Труд), патот меѓу Пловдив и Асеновград и Трново – Дебелец. Во 2015 во Бугарија, Романија и во Латвија имало најмногу смртни случаи на патиштата по жител во споредба со другите земји од Европската Унија, објави лани Еурактив, повикувајќи се на податоци од Заводот за статистика на Европската комисија – „Евростат“. Бугарија со 10 лица на 100.000 жители ја предводи листата со најмногу загинати на патиштата во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!
-
Возете внимателно, нема струја во тунелите на патот Демир Капија – Смоквица