| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре престанува мерката за бесплатен превоз за сите граѓани

jsp2

Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината, соопштуваат од Град Скопје.

Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и слободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.

Градот Скопје ќе продолжи:

1. Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

2. Ќе продолжиме со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

3. Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top