| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се укинува и лотаријата за зелена карта?

Републиканското мнозинство во Конгресот на САД предлага намалување за 50 отсто на „зелените карти“ како и запирање на годишната лотарија за имигранти.

Двајца сенатори републиканци, Ром Котон и Дејвид Пердју поднесоа нацрт закон со кој се укинува можноста американски граѓани и лица со „зелена карта“ да „спонзорираат“ членови на семејствата кои живеат во странство – родители, полнолетни браќа и сестри како и полнолетни деца кои склучиле брак.

Проектот предвидува можност за спонзорирање само на нивни сопруги/сопрузи и неомажени/неженети деца со исклучок за возрасни и болни родители.

– Тоа ќе доведе до 50-процентно намалување на бројот на издадените „зелени карти“ во споредба со сегашното ниво, објасни Котон.

Предлогот демонстрира убедување на републиканци дека легалната имиграција е закана за американските работници, особено оние со најниска квалификација.

Со нацрт-законот се предвидува и укинување на лотаријата со „зелени карти“ воведена во 1995 година против која одамна се изјаснија републиканците. Во моментот, таа дава можност за 50.000 имигранти во САД секоја година.

Освен тоа, во текстот Котон утврдува максимален број на бегалци – 50.000 кои може САД да ги прифатат годишно наместо досегашната цифра од 85.000 која Обама саакаше да ја зголеми на 110.000 годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top