| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО работи за да го донесе Заев и СДСМ на власт

СЈО е странска инсталација создадена само за уривање на ВМРО од власт и носење на Заев и СДСМ, напиша политичкиот аналитичар Александар Даштевски на својот Фејсбук профил.

-Целта е пред се промена на името, а потоа и двојазичност на цела територија и по можност кантонизација. Во најидеален случај и промена на уставот што би ја забетонирала кантонизацијата. За таа цел СЈО има задача по секоја цена да го обвини и дискредитира Груевски и неговиот тим како главна пречка за остварување на оваа цел, и со тоа да го отвори патот кон реализација на целите. Груевски и ВМРО, 10 години на разни начини беа на браникот на одбраната на името и унитарноста на државата, што е спротивно на планот на некои надворешни центри. Затоа беше најден ЗЗ, кому му беа дадени снимките со кои започна големата операција, која се соочи со неколку непредвидливи ситуации, како издржливоста и борбеноста на ВМРО и Груевски, цврстината на Иванов и најмногу од се мудроста на мнозинството народ во Македонија. Дополнителен непредвиден проблем на сценаристот е неочекуваното доаѓање на Доналд Трамп на власт, кому Македонија сеуште не му дошла на дневен ред, па затоа сценаристот брза што побрзо да ја заврши операцијата пред да биде запрен.
Кој ќе преживее ќе раскажува!, додава Даштевски.

dastevski-640x886

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top