Андреа Гисбрехт е прогласена за виновна откако е утврдено дека ги криеле посмртните останки на шест бебиња во плакарот во едно складиште.
Таа е обвинета по шест точки за прикривање на телата на децата, а секое обвинение повлекува со себе најмалку две години затвор. Судијата Мари Томпсон од провинцијалниот суд во Манитоба, во понеделникот ја прочита пресудата по неколку месечното судење.
Остатоците од децата се пронајдени во нејзниото складиште во октормври 2014 година.
Судијата рече дека доказите несомнено покажуваат дека таа ги скривала своите бремености, а потоа самостојно се породувала, а новороденчињата ги скривала во плакар во блиското складиште, каде ги пронашле работниците кои ги чистеле просториите, заедно со детски играчки и облека.
Бебињата биле во полураспадната состојба и истражителите не можеле да утврдат дали децата се родени живи, дали бременостите биле следени од лекари и дали таа навистина ги убила своите деца.
Датумот за изрекување на пресудата за жената се уште не е утврден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст