Може да ги откажете цигарите засекогаш, ако го пробате овој лесен чај. За да има ефект, сепак, потребно е да го пиете најмалку 3-4 месеци, да сте тврдоглави и упорни и барем малку да имате контрола над желбата да запалите цигара.
Ви го нудиме рецептот на рускиот гастроентеролог Антонина Цепина која ќе ви помогне да ги запрете цигарите.
Сварете малку вода, на пример чаша; земе грст сушени листови од боквица, жолт кантарион и грст нане и ставете ги во соодветен сад.
Одозгора прелијте ги со зовриена вода.
Покријте го садот со соодветна капа и оставете го да стои уште два часа. Во меѓувреме чајот ќе се олади и можете да почнете неговата употреба. Бидејќи не треба да се засладување, чајот не е многу пријатен за употреба, затоа може да го пиете во текот на целиот ден.
Според д-р Цепина потребно да се консумира овој чај во текот на три месеци за најдобри резултати. Исто така можете да џвакате свежи листови од боквица, пак, по препорака на д-р Цепина. Наскоро, вели таа, ќе изгубите желбата за никотин.
Обидете се со лекот уште утре. Нема што да загубиме, освен да имате една лоша навика помалку.
Друго народно средство кое може да ја убиете желбата да пушите е напивка од овес. Земете една лажица овес и ја преливате со една чаша топла вода. Оставете да остане така во текот на целата ноќ. Наутро исцедете инфузијата ја испијте на гладно.
Може да пробате и овојт стар руска рецепт:
Земете 1 лажичка корени на глуварче, валеријана и коча билка – боја и листови, истурете ги со околу 400 мл вода и ги варете 10 минути.
Земете одделно по една лажица листови од нане и листови од малина, истурете ги со истото количество вода и варете ги 20 минути / под услов да се свежи, ако се сушени – едноставно прелијте ги со врала вода и оставете ги да остојат така околу 5-10 мин /. Измешајте ги двата чајот – оној од корените на глуварче и коча билка, и чајот од листовите на нане и малина, и пијте ја оваа мешавина секогаш кога сакате да хи исфрлите цигарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст