| четврток, 6 декември 2018 |

Убедлива победа на нашите одбојкари против Црна Гора

Makedonski odbojkari

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во квалификациите за Светското првенство во Полска 2014 година.

Попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје, нашите одбојкари ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 3:0, по сетови  27:25, 25:20 и 25:20.

Во првиот денешен натпревар од 2. коло на групата Д, Украина очекувано со 3:0 ја совлада Албанија. Утре од 18 часот токму Македонија и Украина ќе решаваат која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата, а со тоа директно ќе се пласира во третиот квалификациски круг за СП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top