| четврток, 6 декември 2018 |

Интерен допис на соросовите невладини ги потврдува тврдењата на „Стоп Операција Сорос“

Невладините организации кои деновиве праќаат соопштенија во кои се закануваат со тужби до движењето „Стоп Операција Сорос“ (С.О.С.) всушност дејствуваат организирано и синхронизирано и се координирани од еден центар, за што потврдува и објавениот интерен допис до кој стигнала и редакцијата на порталот Журнал.нет.

Пред неколку дена членовите на движењето С.О.С. изложија мрежа на финансирање на невладини организации кои со години добиваат милиони денари од Фондацијата Отворено Општество Македонија – СОРОС. Притоа од С.О.С. укажаа и на фактот што поголем дел од невладините финансирани од Сорос Македонија ја спроведуваат агендата за организирање и учество во протести со политичка позадина, а во корист на партнерот на Сорос во Македонија, СДСМ.

Набрзо по објавувањето на овие податоци започнаа серија соопштенија од невладините спомнати од С.О.С. во кои се закануваа со тужби за клевета, тврдејќи дека тие се невладини кои немаат врска со политичката агенда на Сорос и дека се занимаваат со своја специфична работа.

Документот кој вечерва до Журнал.нет го испратил „свиркач“ потврдува дека не само што невладините се длабоко поврзани со Сорос, туку и се координирани од еден центар кој ги собира „на купче“ секогаш кога ќе треба лажно да се прикаже дека граѓанскиот сектор во Македонија се обединува спонтано зад некоја цел. Со ова се потврдува дека нивниот финансиер ги држи „на копче“ и ги активира секогаш кога има потреба од нивна политичка акција, се пренесува изворот.

pismo (1)

Ова е уште еден доказ како Сорос го окупира граѓанскиот сектор во Македонија, исто како што тоа го прави низ целиот свет. Јавноста и досега памети неколку писма кои т.н. невладини кои лажно се претставуваат како претставници на граѓанството во Република Македонија, а се всушност претставници на центарот кој ги финансира и употребува секогаш кога СДСМ ќе има потреба од лажирање поддршка од граѓанскиот сектор.

„Писмото наменето за домашната јавност ќе биде претставено на јавен прес, со објава на целокупната содржина и на листата организации кои го поддржале обраќањето. Подоцна ќе се дејсвува за уште поширока јавна поддршка за заштита на граѓанскиот сектор во Македонија.

Ве замолуваме оваа порака односно барање за поддршка да ја проследите до вашите партнерски организации, мрежи и коалилции во кои членувате“, стои во насоките кои до овие невладини се испратени од центарот кој ги координира.

Во писмото јасно се наведуваат насоките од соросовиот координатор барањето за поддршка невладините да го рашират до своите сестрински и коалициони невладини финансирани од Сорос, се со цел да се прикаже масовна поддршка во одговорот на соросовата коалиција против обвинувањата кои доаѓаат од „Стоп Операција Сорос“. Апсурд кој еклатантно ги потврдува тврдењата на С.О.С. кои јавноста и самата одамна и добро ги познава.

Рокот за да соберат потписи во писмото со кое Сорос ќе ја манипулира јавноста дека е спонтана акција на граѓанскиот сектор е утре (07.02) до 15 часот, по што планот е да се организираат јавни настапи во кои невладините ќе глумат невини жртви и ќе се жалат на политички линч – иако од овој пример уште еднаш се гледа дека станува збор за добро организирано „злосторничко здружување“ против граѓанскиот сектор во Република Македонија кој овие десетици невладини на Сорос сакаат да го окупираат и прикажат како лично свој.

nasilni-protesti-denes

На идентичен начин т.н. невладини организации говорејќи за себе дека се неполитички и непартиски организации, учествуваа во вандалските и насилни протести организирани од Сорос и СДСМ во кои беа повредени десетици полицајци, беше уништуван државен имот, споменици на културата и на државноста. Тогаш СДСМ тврдеше дека не е организатор на протестите туку се приклучува кон граѓанскиот сектор кој ги организирал, со цел да прикаже лажен граѓански елемент во нивното политичко делување. Оваа шема на СДСМ беше веднаш прочитана од објективаната јавност во Македонија и осудена.

Изворот на Журнал.нет коментира дека зголемената нервоза кај невладините доаѓа по најавите за „десоросоизација“ во Македонија по примерот на многу други земји кои го забранија делувањето на Фондацијата отворено општество токму поради желбата преку невладин ангажман на оптешствени теми и работа со маргинализирани заедници, да формира „невладина пешадија“ која ќе ја активира секогаш кога Сорос и нивните политички партнери од левицата во било која земја ќе има потреба од вадење луѓе на улица со цел рушење на демократски избрана власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top