| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза ​​Меј ги предупреди пратениците да не го попречуваат спроведувањето на волјата на британскиот народ за Брегзит

Премиерка на Велика Британија Тереза Меј денеска ги предупреди пратениците да не го попречуваат спроведувањето на волјата на британскиот народ.

– Нашите европски партнери сакаат да започнат преговорите, а исто и јас, како и овој законодавен дом, рече Меј во парламентот.

– Пораката е јасно за сите, оваа Дом се изјасни и сега не е време да се попречуваат демократски изразените желби на британскиот народ. Време е да се продолжи со излегувањето од Европската унија, истакна Меј.

Предлог-законот за започнување на постапка за излез од ЕУ е многу краток – само 133 зборови и две точки. На 8 февруари се очекува последното, трето читање на законот, кој потоа ќе се разгледува и во горниот дом – Домот на лордовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top