При првата посета на американската Централна команда, претседателот Доналд Трамп испрати порака кон „силите на смртта и уништувањето“. Тој ветува дека САД и неговите сојузници ќе ги поразат „силите на смртта на радикалниот исламски тероризам“ и ќе ги „спречи радикалните џихадисти“ да направат база на американска територија.
Трамп во говорот при првата посета на седиштето на американската Централна команда во воздухопловната база во Тампа на Флорида, прати порака „со единствен глас кон тие сили на смртта и уништувањето“.
-САД и неговите сојузници ќе ги поразат радикалниот исламски тероризам и нема да му дозволиме да пушти корења во нашата земја- порача Трамп.
Тој предупреди дека ИСИЛ е во „геноцидна кампања, ширејќи злосторства ширум светот“, пренесуваат агенциите. Трамп истовремено додаде дека иако САД силно го поддржува НАТО, сака сите нејзини членки еднакво да придонесуваат во сојузот.
Американскиот претседател во неделата најави дека ќе присуствува на самотот на НАТО во Брисел во мај, иако претходно изнесе критики на сметка на сојузот и учествувањето на членките во неговото финансирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Трамп ќе го протера Ѓулен за да го омекне ставот на Турција по убиството на Кашоги