| четврток, 6 декември 2018 |

На граничниот премин Дојран се чека и до еден час

На граничниот премин Дојран на македонско-грчката граница за влез и излез од државата се чека од 30 до 60 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Поради штрајкот на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај, а на останатите гранични премини нема задржувања подолги од половина час за влез и излез од државата.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради врнежите од дожд сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има само на Попова Шапка, но засега тие не предизвикуваат проблеми во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top