| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Босна ослободен од притвор

Budimir-lisice

Претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир, синоќа нешто по 22 часот ги напушти просториите на Казнено поправната установа во Мостар.

Пред затворот го пречекаа триесетина приврзаници и голм број новинари. Неговата куса изјава за медиумите беше дека „победи правосудството на БиХ“.
Тој рече дека не знае дали в понеделник ќе се појави на работа и оти сега сака да биде со семејството. Исто така рече дека се уште мора да се прибере, бидејќи се уште не сфатил за што го обвинуваат.
Неговиот адвокат претходно најави дека тој ќе биде ослободен од притвор.
Уставниот суд на БиХ денеска ја профати апелацијата на адвокатскиот тим на Будимир, со која се бара Судот на БиХ да го преиспита своето решение на за притвор бидејќи не постоеле докази за притварањето на Будимир.
Тој беше уапсен на 26 април под сомнение дека со некои одлуки за помилување осуденици го прекршил законот и ги злоупотребил овластувањата.

По апсењето му беше одреден едномесечен притвор, а Обвинителството на БиХ предлагаше продолжување на притворот за уште два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top