| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар: Не ми доликува на 66 години и грст медали да се нудам некому!

lino cervar

Лино Червар, селекторот на македонската репрезентација на прес-конференција одржа долг говор поврзан со шпекулациите кои го пратеа изминатиот период.

Хрватот долго време се поврзува со враќање на селекторското столче на Хрватска, но тој демантира дека остварил официјални контакти со федерацијата и ги осуди сите кои го претставија веќе како нов предводник. Исто така, тој настапи со осуда и кон фотографиите кои се појавија низ хрватаските медиуми, дека на состанок во Веспрем договара негов ангажман во Хрватска.

– Во последните денови по СП добивав 100 повици од македонски и хрватски новинари да кажам нешто за тоа. Можам да кажам чесно, не сакав да кажам ништо никому. Чекав конференција, за да не влезам во ТВ-новелите и приказните на медиумите. Имам 66 години, не би сакал во мојата кариера да во тие години некој со мене да се зафркава. Имам свои ставови. Веќе осма година сум во Македонија. Дури 40 години сум тренер, 40 години и денес мислам за посветеноста и страст за работата која ја работам. Не признавам никому на светот дека од мене повеќе работи посветено. Сум работел во четири држави. Моите најголеми резулати не се медалите. Јас сум селектор на Македонија, со четири медали. Повеќе од Ривера, на пример. Израснав како тренер во мала средина, во периферија, на крајот од градот. Не во Загреб, туку во мало место. Задоволен сум што успеав во мало место. Мојот најголем успех не се медалите, туку што успеав да изградам добри луѓе и големи работници кои направија големи резултати, а беа деца од улица. Тоа е мојата цел како тренер – изјави Червар.

lino cervar

Потоа, тој продолжи:

– Јас да се нудам до 66 години на Хрватска? Па, тоа би било чудно. Со моите медали, многу веројатно некој ме сака. Морам да ја бранам тренерската работа. Осма година сум тука. Оние кои ме почитуваат и во Хрватска, било каде во светот, не треба да им објаснувам ништо. Секој има своја биографија, достапна за секого. Не треба премногу да се зборува за тоа, самото зборува по себе. Нема никој што ќе ми го одземе правото да ја сакам мојата прва татковина Хрватска и мојата втора татковина Македонија. Македонија е мој втор дом. Логично е моето име да се поврзува, но тврдам – никогаш со Хрватска не сум имал официјален разговор да бидам нивен селектор. Зошто? Затоа што го почитувам мојот клуб Металург и Минчо Јорданов, главниот виновник што дојдов во Македонија. Како и Живко Мукаетов, првиот човек на РФМ која е голема моја поддршка. Не сакам да разговарам за Хрватска, ако веќе не сум разговарал со мојот клуб и РФМ. Сликите од Веспрем што ги видов најмногу ме погодија, како криминалец да сум. Па, во Веспрем имам пет ракометари мои. Играчи со кои јас имам освојувано злато. Денес не би бил Лино Червар да не беа тие дечки. Хрватска ја водев 157 натпревари, па да не се поздравам со своите граѓани? Мојата приватност не е почитувана, а треба да се почитува. Мојот дом е во Хрватска и Македонија, тоа ќе остане така засекогаш – заврши македонскиот селектор, Лино Червар.

Нашиот селектор има договор уште три и пол години, заклучно со Летните Олимписки игри во Токио во 20120 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top