Ратко Рудиќ по цели три години работа во Бразил повторно се врати во Хрватска. Така со него на чело Хрватите го добија најголемото засилување во стручниот штаб, со кој сигурно ќе атакуваат на враќање на самиот врв. Хрватска во моментот е актуелен светски и олимписки вицешампион.
– Србија во овој момент е подобра, но тоа може да се промени. Добро е што нам ни доаѓа нова силна генерација, која е актуелен јунироски светски шампион. Тука сум дојден за да ја симнам Србија од тронот. Во моментот не сум заинтересиран на тренерската работа, но ќе го пренесам мојот потенцијал на селекторот Туцак – изјави Рудиќ.
Ратко Рудиќ во неговата тренерска кариера водеше пет репрезентации: Југославија, Хрватска, САД, Италија и Бразил. Во неговата тренерска и играчка кариера е носител на 64 трофеи, од кои 19 клупски и 45 репрезентативни медали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.