| четврток, 6 декември 2018 |

Руби пред суд: Се што кажав за Берлускони беше лага

rubi

Руби изјави дека лажела дека добивала пари од Берлускони, како и за голотијата на бунга бунга забавите. Жал ми е но ги лажев обвинителите, зборував глупости!

Руби пред судот вчера изјави дека лажела дека добивала пари од Берлускони. На судењето за неговите соработници обвинети дека за Берлускони подведувале девојки, таа рече дека ги излажала обвинителите дека на забавите за секоја ноќ добивала пари од премиерот. Во 2010 таа изјави дека добила 187 000 евра од Берлускони.

– Ја измислив сумата да се направам важна ! – рекла Руби, пренесе Би Би Си.

Таа се повлече и од тврдењето дека девојките кај Берлускони во базените се капеле голи. Сега изјави дека се соблекувале само по долна облека и немале никаков контакт со него.

– Жал ми е што ги зборував тие глупости кога разговарав со обвинителите – изјави Руби која имала само 17 години кога одела на забавите кај екс премиерот.

Токму поради изјавите на Руби, Берлускони во 2010-та се соочи со обвинение за проституција со малолетничка, а неодамна обвинителката во случајот побара шест годишна затворска казна за него.

Завршните зборови на обвинителите се очекуваат на 31 мај. На другото судење на Берлускони, пресудата за обвинението дека спиел со малолетна проститутка ќе биде соопштена на 24 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top