| четврток, 6 декември 2018 |

Албански државјани краделе во тетовско

kradec

Двајца албански државјани биле приведени изминатата ноќ од страна на полицијата, а по уште едно се трага поради основано сомнение дека извршиле кражби во две куќи во тетовското село Челопек, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, ноќеска околу 2 часот и 45 минути полицајци од полициското одделение Жеровјане запреле такси возило „Сеат Толедо“ што го управувал А.Б.(60) од Голема Речица и во кое имало уште едно непознато лице.

– Непознатиот кога видел дека полицијата го запрела такси возилото излегол и почнал да бега по што полицајците тргнале по него. Во непосредна близина на џамијата во Челопек биле пронајдени и приведени двајца албански државјани Р.А. (36) и В.А.(22) кои со себе имале повеќе торби и најлонски кеси во кои носеле поголема количина златен накит и бижутерија, лап топ, телевизор, часовници, парфеми и друго. Сомнежите дека сето тоа е последица на кражби било потврдено по разговорот со двајцата приведени кои изјавиле дека поттикнати од третото лице, по кое полицијата се уште трага, тие дошле од Тетово и извршиле кражби во две куќи во Челопек во кои немало никој, рече Јосифовски.

Полицијата, додаде тој, се уште работи на расчистување на сите поединости по што во текот на денот двајцата приведени албански државјани со соодветни пријави ќе бидат изведени пред истражен судија во Основниот суд Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top