| четврток, 6 декември 2018 |

Вработените во „Бритиш Ервејз“ почнуваат тридневен штрајк

Синдикатот „Јунајт“ соопшти дека работниците на „Бритиш ервејз“ ќе штрајкуваат од денеска до 7 февруари и повторно од 9 до 11 февруари поради ниските примања, а само еден процент од летовите ќе бидат откажани.

И работниците во лондонското метро ќе им се придружат во знак на протест заради планираните отпуштања.

Жителите на Лондон се соочија со хаос во сообраќајот на почетокот на јануари кога работниците во железничката мрежа штрајкуваа еден ден поради недостаток на персонал.

Садик Кан, градоначалникот на Лондон, го осуди штрајкот наведувајќи дека им донел „страдање на повеќе милиони жители на престолнината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top