| четврток, 6 декември 2018 |

Раздолжување по еврообврзницата од 2009 година

Во вторник, 8 јануари, Македонија ќе се раздолжи по достасаната еврообврзница од 175 милиони евра. Еврообврзницата беше издадена 2009 година со камата од 9,9 проценти, со што вкупно ќе се вратат 183 милиони евра. НБРМ потврди дека отплатата е обезбедена и нема да влијае врз девизните резерви. Тие се на рекордни 2,2 милијарди евра, што дава безбедност при враќањата на достасаните обврски.

50 милиони евра од овие пари се очекува да се вратат во домашната економија бидејќи се дел од приватните пензиски фондови што имаат удел во еврообврзницата. Другиот дел од овие хартии од вредност ги купија инвеститори од Велика Британија, Швајцарија, Австрија и од Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top