Напаѓачот кој во петокот претпладнето со мачета ги нападна војниците кои патролираат во парискиот музејски Лувер објавил пораки на Twitter во кои се споменуваат џихадистичката група Исламска држава , „браќата во Сирија и борците во целиот свет“, соопштија во саботата извори блиски на истрагата.
Како што навел извор близок на истрагата, тие пораки се објавено „на профилот на Twitter кој можеби му припаѓал на напаѓачот“, иако иследниците досега официјално не можат тоа официјално да го потврдат. Уште трае вештачењето на мобилниот телефон iPhone 7 и iPad-от во сопственост на напаѓачот чиј идентитет уште не е официјално утврден.
На профилот на Twitter на име Абдулах ал-Хамими, во петокот неколку минути пред нападот, објавени се неколку пораки на арапски јазик, пренесува AFP. Првата била во 9,31 часот по локално и средноевропско време: „Во името на Бога (…) за нашите браќа во Сирија и борците во целиот свет“. Една минута подоцна објавен е следен „твит“ во кој се споменува џихадистичката група Исламска држава.
Сопственикот на овој профил меѓу 9,27 и 9,34 часот испратил најмалку десет пораки, а нападот во Лувр е извршен во 9,50 часот. Напаѓачот во пораките споменува и патување од Дубаи во Париз на 26-ти јануари, што одговара на термиот на патувањето на осомничениот,
Профилот на Twitter ноќта кон саботата во сé уште бил достапен, забележува AFP.
Идентитетот на напаѓачот уште не е официјално утврден и соопштен. Сепак, иследниците сметаат дека е откриен идентитетот на напаѓачот од Карусел ду Лувр, кој со мачета полесно повреди еден војник а самиот беше застрелан во стомакот. По ранувањето напаѓачот беше пренесен во критична состојба во болница, но „состојбата му е стабилизирана“, изјавија добро известени избори.
Во петокот ноќта радиото France Info јави дека мажот кој ја нападна воената патрола во комплексот на Лувр, е доселеник од Египет, кој во Франција допатувал на крајот од јануари годинава. Според информациите на телевизискиот канал LCI, станува збор за 29-годишниот маж по име Абдула. Неговото име било дознаено од мобилниот телефон, пронајден кај напаѓачот.
Француските иследници спроведуваат ДНК анализа и експертиза на отпечатоците на палците за точно да биде утврден неговиот идентитет. Францускиот правосудни органи стапиле во контакт со своите колеги од Египет, за проверување дали египетските безбедносни служби имале сознание за него./
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.