Турски полицијци утрово отворија оган кон минибус, кој одбил да застане за проверка на контролен пункт на главниот влез во истанбулскиот аеродром „Ататурк“.
Како што објави електронското издание на весникот „Милиет“, полицајците почнале да пукаат кон минибусот, откако возачот одбил да застане, нагло свртил и побегнал со возилото.
Во тек е обемна акција на безбедносните сили за пронаоѓање на минибусот, во кој според изјавите на полициајците, се наоѓале три лица,
Поради инцидентот воведени се засилени безбедносни мерки на аеродромот „Ататурк“ и распоредени се дополнителен број припадници на силите за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.