Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, е окупиран со тоа како се облекуваат луѓето кои работат за него, пишуваат американските медиуми.
Веќе се знае дека бил бесен на Шон Спасер, неговиот секретар за медиуми и комуникации, поради неадекватниот, според него, костум што го носел на првата конференција за печат.
Според извори кои работеле во изборната кампањата на Трамп, тој сакал претставничките на поубавиот пол кои работат за него “да се облекуваат како жени”, додавајќи дека “иако се во пантолони мора да бидат дотерани и уредни”.
Жените кои работеле за кампањата чувствувале притисок дека мора да бидат облечени во фустан за да го импресионираат Трамп, пишува Блумберг.
И мажите не биле поштедени, па морале да се облекуваат складно, во една боја, да имаат правилно држење на телото и да бидат уредни и дотерани. Тие требало да носат кравати како неизбежен детал.
Стив Бенон, директорот на кампањата на Трамп, а сега член на одборот на Советот за национална безбедност изгледа дека е исклучок на ваквите правила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.