| четврток, 6 декември 2018 |

Поради што чувствуваме надуеност во стомакот?

Иако варирањето во килограмите кај жените е нормално, понекогаш за надуениот стомак поради кој изгледате подебело од тоа што сте, не се одговорни килограмите туку одредени намирници.

Овошје

Иако овошјето е преполно со здрави состојќи како витамините и минералите сепак и тоа може да биде причинител на надуеност. Причината се крие во количината на фруктоза и глукоза. Затоа, изберете грејпфрут и цитрусни плосоци бидејќи тие, за разлика од јаболките, праската и крушата содржат значително помалку од споменатите состојки.

Замени за шеќер

Сорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи кои се наоѓаат во диеталните пијалоци и намирници. Доколку почувствувате надуеност по консумирањето на некоја диетална храна и пијалок, избегнувајте ги овие производи. Наш совет е да користите природни засладувачи како што е стевиата и агава сирупот.

Млеко

Сите знаеме дека млекото во големи количини не е здраво за нашето здравје. Но ако тоа ви предизвикува надуеност, тогаш проблемот е во вашиот организам кој најверојатно не поднесува лактоза.

Скроб

Ако намирниците богати со скроб ви предизвикуваат надуеност не мора да ги исклучите од исхраната туку одберете ги оние кои немаат таков ефект врз вас. Пченицата, јачменот и ‘ржот содржат големи количини фруктан, полимер на фруктозата кој предизвикува надуеност. Затоа во вашата чинија почесто нека се појавува компирот, оризот, пченката и зобот кои содржат значително помала количина на фруктан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top