Српската пејачка Рада Манојловиќ ја користи секоја можност за јавно да изјави дека е подготвена за брак и семејство. Веќе сите знаат дека Рада сака да се омажи за своето момче, пејачот Харис. Но се чини на оваа тема воопшто не размислуваат исто, додека таа си замислува дека тие двајца би биле одлични родители и би имале брак од соништата, тој кове планови за кариера, снимање нови песни и видеозаписи.
-Единствено во што сум сигурен е дека во наредниот период ќе работиме со полна пареа. Засега животот го консумирам ден за ден, без некои големи планови, освен на професионално поле – многу песни и спотови, изјавил за еден српски медиум Харис.
-Не размислувам уште за брак и деца. Премногу работи има пред мене што треба да се направат. Кога ќе биде време за тоа, тогаш ќе размислувам – додал Харис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст