Во велешкиот регион, вклучувајќи ги и Градско и Чашка, деновиве привршува откупот на тутунот. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега се преземени 90 проценти од планираните 1.300 тони, а просечната цена е 193 денари за килограм.
Откупот се врши во селата кои се најголеми производители: Бузалково, Иванковци, Чашка и Башино, од страна на „Центро Табак“, „Карвенс Балкан“, „Соко Таб“ и „Алијанса Уан“ кои имаат склучено договори со околу 1.300 производители.
Како што информира Вили Бочваров од Подрачната единица, за разлика од реколтата 2015, ланскиот тутун е со подобар квалитет што придонесува за повисока откупна цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.