Американскиот конгресмен Кристофер Смит реагира на информациите дека американската амбасада во Макдонија е сериозен финансиер на активностите на невладините организации поврзани со фондацијата на Сорос и вели дека доколку САД издвојуваат финансии за вакви активности, тоа мора да биде на неутрален начин и без заземање политички страни.
– Во случајов, изгледа дека американската влада финансирала организации коишто заземале страни, конкретно, биле на страната на социјалистите, што апсолутно не е прифатливо. Верувам дека тоа е нелегално и ќе го разоткриеме овој случај до крај. Утре ќе побарам извештај на генерален инспектор кој што ќе треба да изврши истрага. Јас му поставив многу конкретни прашања до амбасадорот Бејли и, повторувам, не добив одговор. Ние не треба да заземаме страни, треба да промовираме демократија, а не да промовираме коалиција на политички партии, вели Смит.
Писмото кое конгресмените го упатиле до амбасадорот Бејли на 17 јануари, покрај од Смит, е потпишано од познатиот конгресмен од Тексас, Луи Гомерт, Роберт Адерхолт, кој е долготраен поддржувач на Македонија во Конгресот, Ренди Халтгрин, Роберт Питенгер и Џед Фортенбери. Писмото на конгресмените доаѓа откако сенаторот Мајк Ли, исто така од владејачката Републиканска партија, јавно го прозва амбасадорот Бејли преку социјалните мрежи, повикувајќи го да даде објаснување за финансирањето проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија.
Конгресмените го прашуваат амбасадорот Бејли дали е вистина дека американската амбасада ја одбрала фондацијата „Отворено општество Македонија“, подобро позната како Фондацијата на Џорџ Сорос, да спроведува крупни проекти финансирани од страна на американската организација за развој УСАИД.
„Дали ФООМ се смета за политички пристрасна организација во македонското општество? Дали е точно дека активностите на ФООМ се партизирани? Дали НВО организациите, медиумите и проектите кои ги финансира ФООМ имаат агенда која одговара на левицата во Македонија“, прашуваат конгресмените во писмото упатено до амбасадорот Бејли, кое било испратено на 17 јануари.
Во врска со американската поддршка за медиумите во Македонија, се поставува прашањето дали американски државни пари ѝ се давале на Фондацијата на Сорос за преку неа да се финансираат левоориентирани медиуми. Конгресмените бараат од Бејли да ги информира колку од медиумите што ги финансирала амбасадата или мисијата на УСАИД се лево, а колку се десноориентирани, а прашуваат и дали американската амбасада влијаела да се усвојат закони со кои се ограничила слободата на изразување на медиумите и новинарите, што се случи во предизборниот период.
„Дали е вистина дека американската амбасада во Македонија промовираше медиумски регулативи со кои слободата на говорот се ограничи на начин кој не е во согласност со Првиот амандман на американскот устав“, прашуваат конгресмените.
Дополнително, што се однесува до финансирањето на невладините организации, конгресмените прашуваат: „Колку од невладините организации кои добиваат американски средства, вклучително и преку ФООМ, се определиле политички при изборите или при формирањето на следната македонска влада? И чија страна ја одбрале овие организации?”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст