Минирање на автопатот Кичево – Охрид на делот Подвис – Пресека ќе се изврши утре од 13 до 15 часот, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи во Кичево.
Повикувајќи се на добиени известувања, РЦУК Кичево соопшти дека минирањето ќе го врши фирмата „Мактек“, а патот ќе биде затворен за сообраќај во времетраење од 15 до 20 минути.
Делови од Кичевско утре ќе останат и без електрична енергија од 9 до 10.30 часот. Без струја ќе бидат корисниците од селата од ’Рбетинска Река, како и селата Челопеци, Атишта и Лисичани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст