| четврток, 6 декември 2018 |

Може да се храните здраво и додека сте на работа

Додека сте на работа не значи дека морате да го јадете тоа што ви е најблизу и тоа што прво ќе ви дојде на рака.

Ако сакате здрави салати тогаш едно од решенијата е да си понесете салата во тегла, која ќе остане свежа и ќе ги задоволи вашите потребни за здрава исхрана. Ставете го омилениот прелив за салати на дното од теглата.

Потоа додајте неколку слоја домати „чери“, пиперка, краставици, печурки, слатка пченка, брокули, варено јајце или ориз. Најозгора ставете листови млад спанаќ или зелена салата. Непосредно пред јадење протресете ја убаво теглата и вашиот оброк е подготвен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top