| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб и Хендрикс славеа голема победа во Краснодар

lester bo mekejleb

Американските кошаркари со македонски пасош кои настапуваат за Гран Канарија синоќа на гостувањето кај Локомотива Кубан остварија значајна победа од 68-66 во Еврокупот и си ги зголемија шансите за пласман во четврфиналето.

Лестер Бо Мекејлеб ги постигна победничките поени за Гран Канарија и му донесе на својот тим значајна победа пред последниот натпревар на домашен терен против Фуенлабрада.

Поранешниот македонски репрезентативец го доближи тимот од канарските острови во пласманот меѓу осумте најдобри екипи во вториот по квалитет европски куп. Мекејлеб со 13 поени беше и прв стрелец во редовите на Гран Канарија, а Ричард Хендрикс натпреварот го заврши со 9 поени.

Група А во (5 – коло)

Локомотив Кубан – Гран Канарија 66:68

Фуенлабрада – Мурсија 85:69.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top