Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.
– Консултациите со парламентарните политички партии следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и средбата со евроамабасадорот Жбогар, велат од Кабинетот на претседателот.
Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.
Македонскиот претседател во понеделникот имаше средба со Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата и за ставот на ЕУ по ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани