| четврток, 6 декември 2018 |

Соросовите послушници од Европскиот парламент со поддршка за аболицираниот Заев

naslovna-640x276

Џорџ Сорос ги активира своите послушници на различни нивоа и од различни профили, се со цел да изврши фалсификат на вољата на македонските граѓани и да им наметне влада која ќе е под негова директна контрола.

Преку ваквата антидемократска група на соросови марионети, во Македонија како и во огромен број на земји во светот, Сорос има за цел да ја спроведува својата агенда на едноумие и пласирање на еден став како единствено точен, односно една политичка опција како единствена „правилна“ за граѓаните. Целите на Сорос се во корист на елитите, а не на мнозинството, спроведувајќи едноумие околу сите важни општествени прашања и користејќи ја како фасада демократијата и идеите за т.н. отворено општество.

Најновиот потег на соросовата мрежа е да ги активира послушниците во Европскиот парламент со цел тие да влијаат на креирање на политичката слика во Република Македонија.

Виктор Боштинару и Тонино Пицула, кои денеска дадоа изјави за поддршка на формирање на про-соросова влада во Македонија која би била предводена од СДСМ, а чии што изјави соросовите медиуми на фанфари ги пренесуваат до нашата земја, не се ништо друго туку се обични мегафони на ултра-левичарот Сорос кои се активираат на команда.

Хрватскиот евро-пратеник Тонино Пицула важи за голем поддржувач на идеите на Отвореното општесто кои ги промовира Сорос. Неодамна објавените документи во поголем број на европски медиуми го сврствуаат и Тонино Пицула меѓу листата на поголем број на евро-пратеници над кои што Џорџ Сорос има влијание за спроведување на неговите политики.

hrvatska

Тој се наоѓа на списокот на луѓе за кои хрватскиот печат пишува експлицитно дека се „докажани сојузници“ на Соросовата фондација во Хрватска, односно Пицула е еден од евро-пратениците за кои, како што информираат хрватските медиуми, Сорос смета дека му се лојални нему, а не на своите држави и граѓаните кои ги избрале. За Пицула и неговото друштво се вели дека се дел од една завереничка организација која заговара транспарентност во политиката, но самата делува многу нетранспарентно и се служи со најподли методи за да донесе свои луѓе на власт насекаде низ светот.

Во текстот објавен на порталот Дневно.хр се деконструира и начинот на генерирање публицитет околу изјавите на политичарите контролирани од Сорос – како по правило, сите кои доаѓаат од нив, дури и кога станува збор за маргинални групи, добиваат огромен и позитивен публицитет, додека изјавите на луѓето кои се сметани за непријатели на Сорос се третирани со огромен негативен пубицитет преку соросовите медиуми во Хрватска. По истиот добропознат принцип соросовата мрежа функционира и во Македонија и насекаде на планетата.

Кога е во прашање Виктор Боштинару, романските медиуми пишуваат за поврзаноста на евро-пратеникот со Фондацијата Отворено Општество во Романија. Боштинару е посочен како дел од листата на луѓе кои се  контролирани од Сорос во Романија.

romanija-2

Боштинару важи за близок пријател и соработник на уште еден евро-пратеник од Романија, Ренате Вебер, која неслучајно е долгогодишната претседателка на Соросовата фондација во оваа земја и со која Боштинару често има заеднички јавни настапи. Боштинару беше актуелен во медиумите во традиционално конзервативната Романија со неговата поддршка на законското решение со кое што Европскиот парламент им наложува на земјите членки легализација на хомосексуалните бракови. Албанската јавност го памети и како критичар на владата на Сали Бериша која што Сорос ја сметаше за непријателска, за разлика од онаа која ја направи нему блискиот Еди Рама.

rrr

Ова е само уште едно мало делче во големиот мозаик за начинот на кој соросовата мрежа делува ширум светот. Голем број светски медиуми пишуваат за големото влијание кое што ултра-левичарот Џорџ Сорос го има на левичарските организации на сите континенти, при што се посочува дека како дел од тие групи се наоѓаат и Партијата на европски социјалисти, Социјалистичката интернационала и поголем број на други социјалистички и социјал-демократски партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top