На 28 јануари настапи кинеската нова година, а со тоа влеговме во владеењето на огнениот црвен петел, кој симболизира труд, просперитет и ефикасност. Ако сакате да ги искористите неговите предности, стручњаците за фенг шуи предлагаат како да го уредите домот.
Истокот ќе биде среќен во текот на целата година, особено за работа. Затоа, работната маса поставете ја така што додека седите, да гледате на исток. Само така ќе привлечете и поголема заработувачка. Не поставувајте го креветот со перниците кон исток ако имате лесен сон или страдате од несоница. Поволна област е југоисток.
Северот е добар правец за студентите, научниците, и за сите на кои име потребен поволен ветар во кариерата, но и за ониe кои мечтаат за патувања. Ако перниците ги поставите во таа насока, ќе бидете добро организирани, а ако сакате да бидете авторитет на работа и да ја зголемите продуктивноста, поставете ја работата маса на оваа страна. Спиење на североисток им се препорачува на сите кои сакаат повеќе дружба и да пронајдат партнер, иако љубовта донесува и кревет на северозапад.
Западот во 2017 година, исто така, е поволен да ја поставите работната маса, за што ветува подобра заработувачка и можност за напредок во кариерата.
Најнеповолна област во оваа година е југот. Ако е можно, тргнете ги креветот, фотелјата и работата маса од југ. Кон југозапад можат да гледаат само оние кои се занимаваат со комуникации, маркетинг и забава.
Совет плус: Во годината на црвениот петел среќата ќе ја привлечете со црвени, портокалови и жолти детали: перничиња, тапети, поситни парчиња мебел, прекривки, слики…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.