| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава остров на Белизе, цената достапна, а времето совршено

Ако сте богати и сакате да ја напуштите работата, да ги спакувате куферите и да се преселите на остров од соништата, сега тоа можете да го направите, но ако имате 400.000 фунти.

ad_232936227-e1485594912627

Токму тоа е цената која мора да ја плати идниот сопственик на приватниот остров Вирџинија Кеј. Го продава Британката Волоу Рид, а за него на еBay бара 400.000 фунти.

На островот се наоѓа мала куќа, како и пристаниште за чамец. Исто така има и корален гребен.

ad_232937361-e1485595523582

Времето е совршено, бидејќи летото трае во текот на целата година.

Исто така, приватноста е на високо ниво, бидејќи островот нуди бегство од цивилизацијата. Сепак, постои можност за претворање на островот во туристичко одмаралиште ако новиот сопственик сака да заработи пари.

ad_232939138-e1485597728644

 

Вилоу островот го купила во 2012 година за 150.000 фунти, а на Белизе дошла по смртта на мајка ѝ. Буквално се вљубила во Белизе и пронашла остров што тогаш се продавал. Го купила и вложила многу време и пари да го направи шеталиште, го осветлила, поставила буриња со вода и слично.

ad_232938396-e1485597815528

Меѓутоа, цената од 400.000 би можела да се зголеми бидејќи аукцијата завршува на 4 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top