| четврток, 6 декември 2018 |

Златко Хорват: Промашениот пенал ќе ме прогонува цел живот

zlatko horvat

Сигурно Мундијалот во Франција ќе беше во многу нешта поразличен ако Златко Хирват го реализираше седмерецот во последната секунда од полуфиналето на хрватската репрезентација против Норвешка. Првпат по тој трагичен момент за „каубоите“ Хорват се огласи и потврди дека тој момент ќе го прогонува цел живот.

– Ни недостигаше малку спортска среќа за овај добар турнир да го завршиме со медал. Добив поддршка од цела Хрватска по промашениот седмерец, не само од соиграчите и стручниот штаб. По натпреварот со Норвешка успеав малку да заспијам, бидејќи следниот ден имавме дуел со Словенија. Но, тој пенал ќе ме прогонува и понатаму, веројатно до крајот на кариерата – истакна крилото на ППД Загреб.

Хрватска по бронзата во Краков на Европското првенство минатата година и четвртфиналето на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро, сега заврши на четвртото место и веројатно тоа ќе биде крај на циклусот на Жељко Бабиќ на селекторската клупа на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top