Знаете што е вашата свекрва во хороскоп? Во тој случај ќе знаете како да ја “скротите”.
ОВЕН
Секогаш е во движење и сака да командува. Откога ќе го искали својот бес на сопругот и децата, на ред доаѓате вие и тука ви нема помош. Едниствено што можете да направите е да не обрнувате внимание на нејзините замерки, или уште подобро, не дозволувајте нејзиниот збор да биде последен. Не подвиткувајте ја опашката, гледајте ја в очи, а ако работата излезе од контрола, за секој случај, купете си заштитна кацига. Исходот со неа секогаш е неизвесен.
БИК
Таа секојдневно околу вас ќе плете невидлива мрежа, од која нема лесно да се измолкнете. Го пика носот во сè. Ќе ве советува за храна, облека, пари, но и за секс. Ќе ви кажува дека сака сè што сакате и вие, а тогаш, зад вашиот грб, ќе зборува како немате вкус. Неверојатно е тврдоглава и не попушта ниту за милиметар. Ви останува само да се надевате дека нејзината сила ќе трае што пократко.
БЛИЗНАЦИ
Оваа жена има голем јазик со кој секого може да извади од памет. Прво, итро се притајува, ја снима ситуацијата, ги согледува слабите точки и тогаш напаѓа. Меле сто на саат, користи најсликовити изрази и се меша апсолутно во секој аспект од вашиот живот. Од неа никогаш нема да добиете совет како се чисти и раскрева, како се пере или готви. Домашните работи не ја интересираат и за нив не сака да зборува со вас.
РАК
Под нејзината мајчинска слика се крие една од најстрашните свекрви во зодијакот. Со неа навистина нема шега. Каде таа удира, таму трева не расте. Доколку сами не се согласите да играте по нејзините правила, таа ќе ве натера. Во прашање е, знаете, нејзиниот син. Но, ниту една свекрва не “трае“ долго. Ќе ја освоите ако ù се вовлечете под кожа и ако ја освоите нејзината доверба. Кога тоа ќе го успеете, терајте по свое.
ЛАВ
Заборавите на демократијата и на човековите права. Ниту Стразбур не помага. Таа не прашува, таа наредува. Тера по свое, не се обѕира на никого, а камо ли на некоја си снаа. Но, тоа не го прави од пакост, тоа е спонтано – па таа е Лавица. Кога еднаш ќе ве зграпчи за врат, ќе згаснете. Затоа уште на почетокот покажете ги забите. Таа е сè, само не е глупава и единствено што цени е достоен противник.
ДЕВИЦА
Таа е педантна, опсесивна и убаво воспитана свекрва, па после неколку недели заедничко живеење сигурно ќе ве заболи глава. За среќа, дискретна е, па нема да го пика носот во вашите работи. Но, кога ќе процени дека треба да се вмеша, ќе ви ја пие крвта со сламка, фино и дискретно. И што е најчудно, со време и вие самите ќе почнете да верувате во сè што ке ви рече. Единствен лек против неа е емиграција во Нов Зеланд, на пример.
ВАГА
Таа е една од најпрефинетите, но и најлукавите свекрви во зодијакот. Секогаш е беспрекорно средена, како за на изложба. Цела пензија ја троши за козметика, па секогаш така ’скоцкана’ ќе ви замерува дека не сте доволно уредни и дека не водите сметка за нејзиниот син. Најдоброто оружје против неа е игнорирањето. Не обрнувајте внимание на нејзините нови чевли и правете се како да не сте ја виделе нејзината нова фризура. Тоа ќе ја извади од такт.
ШКОРПИЈА
Со неа нема лесно да се разберете. На момент е нежна и искрено сака да помогне, но потоа има потреба да руши сè пред себе. Нема да го поштеди ниту сопствениот син, а камо ли вас, која сте никој и ништо. Со неа може да бидете пријател или непријател, но ви советуваме да го изберете она првото, затоа што во спротивно – ќе ги изгубите сите битки.
СТРЕЛЕЦ
Со неа никогаш нема да ви биде досадно. Умее бескрајно долго да ги прераскажува случувањата од комшилукот, што прилично иритира. Среќа, умее да престане кога треба. Таа е жена која ја цени туѓата слобода. Никогаш немојте да ја избегнувате, затоа што секако ќе ве пронајде. Со неа нема да мора да излагате на мегдан. Кога ќе видите дека е можен конфликт, кажете ù некој ’мрсен’ трач и таа ќе биде мирна како бубачка.
ЈАРЕЦ
Пред вас е тежок и упорен противник. Тешко ќе ја најдете нејзината слаба точка. Кога во животот навистина ќе ви биде потребна поддршка, таа ќе биде тука за вас. Но, немојте да мислите дека може да ја искористите или измамите. Таа е мудра и знае што планирате уште пред и да направите некој потег. Ако сакате да ја поразите, вознемирете ја. Кажете ù дека лошо изгледа и дека ви се чини дека со неа нешто не е во ред. Тоа добро ќе ја растресе.
ВОДОЛИЈА
Необично весела свекрва. Повеќе ја интересираат проблемите на јужноафриканските верверички, отколку што таа ќе јаде утре. Немојте да ù пречите и вашиот однос ќе биде сјаен. Ако сакате да ја оддалечите од себе, определете се за некој вид студена војна, затоа што со сила ништо нема да постигнете. Сепак, бидете внимателни. Со комбинација од хистерија и студен, висок интелект, едноставно ќе ве избрише од списокот на нејзините проблеми.
РИБИ
Кога во домот имате свекрва во знакот на Риби, тогаш може да кажете дека страшно сте настрадале. Толку го разгалила својот син, така што тој и сега, кога е возрасен човек, ќе сака вие да го негувате како неговата ценета мајка. Па, ако со неа го делите животниот простор, ќе мора да станете нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и хармонично за нејзиниот син и понатаму да биде крал на престолот.
извор: Пинџур.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.