| четврток, 6 декември 2018 |

За Грција одете преку Дојран и Меџитлија

traktor grcija

Сообраќајот на граничниот премин Евзони-Богородоца, на грчко-македонската граница и денеска е во прекин во двата правца и за патнички и за моторни возила поради поставена блокада од трактори од страна на грчки земјоделци, соопшти АМСМ. Границата може да се помине само пеш.

Блокадата од трактори грчките земјоделци на преминот Евзони ја поставија вчера во 16 часот и 30 минути. Засега нема информација до кога ќе трае штрајкот на земјоделците.

Македонските гранични служби синоќа инфрмираа дека се во постојан контакт со грчките колеги, но и од таму нема информација кога ќе заврши блокадата бидејќи грчкиот Синдикат на земјоделците се уште не се изјаснил.

За влез во Грција возачите можат да го користат и граничните премини Дојран и Меџитлија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top