Aктерката барала пробите да бидат во Лондон и сакала поголем хонорар, рекле извори блиски до славната актерка која сега жали поради изгубената улога. Филмот во кој требало да глуми на „Златните глобуси“ освои седум награди, а сега има 14 номинации за Оскар.
Актерката Ема Вотсон (26) која сите ја запознавме како Хермиона во филмовите за Хари Потер, била првиот избор за главната женска улога во мјузиклот кој е номиниран за Оскар во 14 категории. Наместо неа, улогата во ‘La La Land’ ја доби Ема Стоун (28).
„Таа бараше пробите да се одржуваат во Лондон и сакаше поголем хонорар“, велат извори блиски до Вотсон. Таа сега жали поради пропуштената улога.
Имено, по освоените 7 награди на Златните глобуси, филмот ‘La La Land’ се истакна како главен фаворит и на номинациите за Оскари со вкупно 14 номинации, меѓу кои и оние за најдобар главен актер и актерка, режисер и најдобар филм.
На Златните глобуси беше номиниран во седум категории и успеа да ги освои сите. Така наградите за главна машка улога која ја глуми Рајан Гослинг и главната женска улога му припаднаа на ‘La La Land’, како и наградите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобро сценарио, најдобра музика во филм и најдобра песна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.