Можно е претседателот на републиката повторно да му го даде мандатот на досегашниот мандатар или на некоја друга личнсот која што ќе ја определи ВМРО-ДПННЕ, вели проф. д-р Саво Климовски, универзитетски професор по Уставно право и поранешен претседател нa Собранието.
-Уставот во оваа смисла е доста јасен. Претседателот на републиката, господинот Иванов, може само да го прими дадениот документ со кој што тој се определува за мандатар на Владата, со жалење дека во тој временскиот период не можел да состави влада. Од друга страна, и понатаму Уставот е доста јасен, во смисла што не е како сите други устави, има во себе еден недостаток, една “фалинка“, според која тој секогаш мора да му го даде мандатот на оној претставник на оној претставник на политичка партија, односно политички партии, што има совоено мнозинство на пратеници во Собранието, вели Климовски.
Но, во конкретниот случај, додава Климовски, можно е претседателот на републиката повторно да му го даде мандатот на досегашниот мандатар или на некоја друга личност која што ќе ја определи ВМРО-ДПННЕ како водечка партија во таа коалциија, и понатаму тече рок од 20 дена и целиот тој период на тој начин се исполнува.
-Фалинката во оваа ситуација е што Уставот никаде не предвидува, во ниедна одредба, ни во член 80 став 1, ни во член 90, сите тие 3-4 става што ги има во член 90 дека претседателот на републиката му го доделува мандатот на претставникот на втората по бројност партија од аспект на пратеници во Собранието на Република Македонија, вели Климовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
Колку пати ќе се додаде „Северна“ на зборот “Македонија“ во Уставот на РМ