| четврток, 6 декември 2018 |

Видовит мачор продаден за 78.000 евра

Дмитриј Р. успеал да го продаде мачорот Чарлс Аткинс, кој го наследил од тетка си, за висока сума. Некогашниот сопственик на мачки тврди дека животното има натприродни способности, затоа и успеал да му го продаде на врач од Новосибирск за 78.000 евра.

Дмитриј го наследил Чарлс Аткинс откако умерела неговата тетка. Тој тврди дека мачорот успевал сам да излезе од заклучена просторија и дела знаел да му ги вметне сопствените мисли.

Ме тераше да правам работи кои не ги сакав. Некогаш се будев во пет часот наутро, со огромна желба за риба или колбаси, храна каква што всушност не јадам. Во полусон заминував во продавница, а по враќањето се што ќе купев, му сервирав нему. Како што јадеше Чарлс, така јас престанував да бидам гладен, раскажува Дмитриј.

macka
Русинот тврди дека го заклучувал мачорот, но дека ниту тоа не помагало.

-Чарлс ни покажа дека може да се створи каде и да посака, раскажува вчудоневидениот поранешен сопственик.

Видовитата сопственичка на мачорот велид ека кога дошла да го купи, со посебни уреди проверила и се уверила дека мачорот навистина поседува необични моќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top