| четврток, 6 декември 2018 |

Од стар советски комплекс до ВИП третмани: Ова ќе биде новиот медицински центар за елитата на Путин

На телевизиска дебата за рускиот здравствен систем која беше емитувана лани, млад лекар го праша претседателот Владимир Путин, зошто толкав број на високи државни функционери бараат лекарска помош во странство и дали претседателот бил еден од нив.

Путин одговори дека не бил.

r04_14850272342

Тој рече дека ја користел Централната клиничка болница, огромен комплекс на периферијата на Москва, каде во текот на претходните децении врвот на советското и руското раководство добивале лекарски третман. Меѓутоа, Путин призна дека постои проблем со здравствената заштита: руските државни болници и клиники, дури и најдобрите меѓу нив, не биле на ниво на задачите. Кремљ сега има решение. Администрацијата на Путин порача планови за нова единица на Централната клиничка болница, специјално замислена за лечење на високи државни функционери во земјата, стои во техничките планови достапни на Ројтерс и медицинските извори запознати со проектот.

r02_14850272227

Трикатната зграда ќе биде ексклузивна со простор за само 10 пациенти во еден момент. Ќе биде опремена со комуникациски системи кои според руските закони се резервирани за претседателот, премиерот и неколку други највисоки функционери.

Според плановите кои се достапни на Ројтерс, новата зграда ќе чини 2,9 милијарди рубљи (48.11 милиони долари), со дополнителни трошоци за опремување.

r01_14850272188

Предвидена за стационарна и амбулантна нега, специјалната клиника ќе има две ВИП соби за пациенти, од кои секоја покрива 200 квадратни метри, што е речиси три пати повеќе од просечен руски стан. Во план е и голема конференциска сала каде функционерите кои ќе бидат подложени на третмани ќе можат да свикуваат состаноци, како и базен.

r05_14850272409

Потребата за домашна здравствена нега на највисоко ниво за луѓето од опкружувањето на Путин стана уште поитна откако Западот воведе санкции и забрана за патувања на некои припадници на руската политичка елита во одговор на анексијата на Крим, стои во изјавата која двајца руски лекари ја дале за Ројтерс.

– Во исто време, Путин и некои негови најблиски соработници влегуваат во години кога статистички се по подложни на болести и бараат поголема медицинска нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top