| четврток, 6 декември 2018 |

Тајчи се најде во женски затвор

Сигурно се сеќавате на Тајчи, атрактивната блондинка која ја претставуваше Југославја на Евровизија во 1990 година со песната „Ајде да лудуваме“. Таа не оствари пејачка кариера, но медиумите ја паметат и од време на време некој редионален медиум ќе ја спомене во рубриката „каде се, што прават“. Па така, последно што не знаете за неа е дека повеќе не е блондинка, ами розовокоса, а многу поинтересно од тоа е нејзината денешна професија.

Во разговор за порталот Carice.eu, Тајчи открива дека една од нејзините денешни рабори е работа во женски затвор.
– Горда сум што без двоумење прифатив да работам со жени кој преживеале злоупотреба, трговија на луѓе и зависности од дрога и се најдов во затвор во улога на менторка, вели Тајчи, која во меѓувреме се ослободила и од некои лични несигурности.

– Најзначајна промена што ја направив кај себе е што станав храбра и се ослободив од стравовите од критичарите и од оние на кои претходно им давав право со своите очекувања, дефиниции или со мислењето да ме одредуваат, спредуваат и да ја намалуваат мојата вредност.

Татјана Матејаш Камерон, која имаше само 19 години кога стана поп-ѕвезда, денеска живее мирен живот во Нешвил. Мажена е, има тројца синови и ја води емисијата „Будење во Америка“, пишува колумна во „Хафингтон пост“, но не се откажува ниту од музиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top